Вести Македонија Најважни

Европските мисионери во засилена убедувачка мисија, утре од Собранието директно ќе се обрати Урсула фон дер Лајен

Никој никогаш не бил среќен со направен компромис, тие секогаш се грди, но секој добар компромис е баланс на незадоволството. Вака холандскиот амбасадор воземјава, Дирк Јан Коп, објаснуваше денеска што е компромис, алудирајќи на францускиот предлог за преговарачката рамка, за која рече дека дали ќе биде прифатен или не од Македонија ќе биде национална одлука на земјава.

„Дали овој компромис ќе победи на ’натпревар за убавина’? Не. Но дефинитивно е патот кон напред“, порача холандскиот амбасадор, Јан Коп.

Тој е свесен, како што вели, за емоциите што ги предизвикува ова прашање во земјава, но со констатација дека тоа не е нешто ново на Балканот.

„Единствената важна работа за земјава е да почне. Политиката на Унијата е дека билатералните прашања треба да се решат меѓу самите земји и нивните соседи. Нема место за нив во преговарачкиот процес и ние ќе го мониторираме тоа, Европската комисија рече дека ќе го мониторира тоа. Ако постигнеме сега  некаков вид компромис меѓу вас и Бугарија тоа ќе ја отвори вратата“

Јан Коп притоа уверува дека доколку Македонија ги спроведува потребните реформи, по некои поглавја преговорите брзо ќе се одвиваат иако потсетува и дека секоја земја-членка може да го блокира процесот на кое било поглавје ако има забелешки.

И додека холандскиот амбасадор денеска пред новинарите уверуваше дека ако земјава сега го почне процесот, по неколку години преговори таа ќе биде како Швајцарија, утре пред партениците од собраниската говорница во убедувачка мисија ќе се обрати лично претседателската на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ посетата на Фон Дер Лајен ја оценија како обид да се амортизира фрамнцускиот предлог, со убави зборови. Од партијата најавија дека ќе го разобличат тоа и дека Фон Дер Лајен не е прв европски полиитчар кој се обидел да го направи тоа, но оти сите завршиле безуспешно.

„Во Македонија сме имале такви одлични обраќања, од кои сме немале никаква придобивка. Во моментов сме соочени со уцена која утре со убави зборови ќе се обиде да ја амортизира и сегашната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Го почитуваме нејзиното време, но си го почитуваме и нашето достоинство и знаеме што е добро а што не е добро за Македонија“, изјави милошоски.

Засега официјлна информација со кого се таа утре ќе се сретне во Скопје има за претседателот на државата, Стево Пендаровски и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според информациите на Телма не е предвидено претседателката на Европската комисија утре да одржи прес-конференција, туку таа пораката до земјава за францускиот предлог ќе ја испрати само од собраниската говорница.

Инаку доаѓањето на Фон Дер Лајен, по се изгледа се случува непланирано, со оглед дека посетата ја нема нејзиниот официјален календар, а до попладнево ја немаше ни на агендата на аудиовизулениот сервис на Европската комисија на кој се емитуваат активностите на европските официјлани претствници.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе