Вести Македонија Најважни

Стигна пораката и од Гермaнија – можно е да нема следна шанса, а сигурно не подобра

Искористете ја можноста сега, бидејќи можеби нема да има следна и сигурно не подобра. Ова е пораката која денеска ја испорача Германија до македонското општество за прифаќање на рпредлог-пеговарачката рамка која стигна од Франција, а која според Берлин е виситнски компормис. Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Германија за Западниот Балкан, освне апел за прифаќање на предлогот, упати и предупредување.

Можноста повторно да се добие некој договор можеби воопшто нема да дојде, но во секој случај нема да биде подобар. А сега имаме предлог на маса кој што е подобар. Кој повторно ќе го преработи овој предлог кој што е веќе преработен и подобар? Ова е мојот одговор, рече Сарацин.

Сарацина денеска уверуваше и дека македонскиот идентитет е јасен, како за Германија, така и во европскиот документ за преговарачката рамка. Сепак тој запрашан дали и верува на Бугарија дека нема да го злоупотреби пристапниот процес на земјава за да ја блокира за билатерални теми, одговори дека разбира оти недовербата во земјава кон Бугарија е голема

Едно е многу јасно, кога процесот ќе заврши, тогаш тој завршува. Тука не се содржат блокадите кои беа содржани од Бугарија и тогаш ќе има вистинки пристапен процес со точките кои се предвидени со методологијата. Се што може да се реши сега треба да се направи, за можеби да се обезбедите за поопасни  времиња. Не сум убеден дека сега долгото чекаење е умно, бидејќи светот е таков што утре може да биде се поинаку и да се затвори тој прозорец. Можам само да кажам дека Германија и ЕУ ќе направат се за да гарантираат дека патот на Северна Македоија ќе биде отворен во постапката која што доаѓа. Но без постапка овој пат не е отворен, рече Сарацин.

Неговиот македонски домаќин, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, од своја страна изјави дека не знае кога и дали воопшто земјава би добила подобар предлог од францускиот.

Ова што го имаме сега, ако сега го одбиеме ќе треба во идно време повторно да преговараме од почеток, а не да продолжиме каде што сме застанале, рече Маричиќ.

Маричиќ не можеше да потврди кога владата ќе го достави предлогот до Собранието, во пакет со билатералниот протокол со Бугарија.

Тоа ќе се одвива во наредните денови, не можам се уште да го кажам, точно кој ден и на кој начин ќе се направи тоа, меѓутоа текот на настаните ќе биде таков. Владата ќе го состави тој пакет, впрочем протоколот се уште не е до крај усогласен, ниту потпишан. Тоа ќе го почекаме во наредните часови, денови. Јас не мислам дека тоа ќе трае предолго, но тоа нема да се случи денес или утре, рече Маричиќ.

Тој информораше дека нема уште многу време за размислување, туку дека одлуката дали се прифаќа или не преговарачката рамка ќе мора да се донесе во наредните денови.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиството се случило во полн угостителски објект- обвинителството отвори истрага за утринското злосторство во Боговиње

Дејан Дејан

(Видео) Еден загинат, седум повредени – се урна зграда во Истанбул

Дејан Дејан

Пожарникар го загуби животот, над 200 луѓе се евакуирани – поплави во Горна Баварија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе