Координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии денеска се очекува да одржат прва средба на која ќе се разговара за заклучоците што треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието во врска со европскиот предлог и отпочнувањето на преговори за влез во ЕУ.
Двете најголеми политички партии во Собранието, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера го потврдија договорот за одржување вакви разговори во Собранието. Во работните групи политичките партии ќе бидат застапени со по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии.
Иако беше најавено, францускиот предлог вчера не се најаде на владина седница.
Премиерот Ковачевски најави дека сите европски документи што веќе се објавени, плус билатералниот протокол со Бугарија, ќе бидат испратени во Собранието заради натамошно одлучување. ВМРО ДПМНЕ се надева дека ќе придонесе за подобрување на текстот заради заштита на македонскиот идентитет. Пленарната седница се очекува да биде закажана најдоцна до петок.
