Вести Македонија Најважни

Усеини со пцости и навреди реагира на прашањата за судир на интереси околу тендерите кои ги добива фирмата во негова сопственост

Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини е познат не само по инцидентите и дивоградбите, туку и по тендерите што ги добива неговата  фирма во локалните  јавни претпријатија, и покрај тоа ште е советник од ДУИ во општинскиот Совет.

Фирмата Нефи ИК, каде Нефи Усеини е сопственик,  а неговата сопруга, управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија.

Во ноември лани, неговата градежна механизација беше ангажирана во ЈП Нискоградба Охрид за 1 милион и 350 илјади денари.

Во јануари пак, има склучен  догвор со Охридски Комуналец за набавка на градежен материјал во вредност од 1 милион  денари, а во март добил тендер со Градски гробишта Охрид, тежок  9,5 милиони денари.

Според Нефи Усеини нема судир на интереси затоа што вели  управител  на фирмата е неговата сопруга,  а тој како советник не носи одлуки за тендерите. Сепак во кусиот телефонски разговор не можеше да го сокрие својот насилен карактер.

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми звониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма

Нефи Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот неодамна го ослободи од обвинение за напад на едно лице насреде Охрид, со образложение дека не може да се докаже вината.

Охридското  обвинителство води постапка и за две дивоградби на бизнисменот Нефи Усеини.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Поплава оштети затвор во Нигерија, побегнаа најмалку 118 затвореници

Дејан Дејан

(Видео) Крвави коњи на британската кралска гарда приредија хаос во Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе