Вести Најважни Свет

По 11 дена тензичен мир, нови ракетни напади врз Киев, од под урнатините спасено седумгодишно девојче

Извици за помош и свирежу на сирени утринава повторно ги разбудија жителите на стабмениот комплекс Шевченковски во Киев. Пламени јазици од рускиот ракетен напад ги голтаат домовите на Украинците, додека спасувачите се обидуваат да ги извлечат луѓето затрупани под рушевините.

Еден детски плач ги насочи спасувачките екипи кон пукнатината во разурнатиот ѕид на деветкатната зграда од каде живо беше извлечено деветгодишно девојче. Веднаш на носила го презедоа медицинските екипи детали за сериозноста на нејзините повреди не се соопштени. Станбената зона е евакуирана, а потрагата по преживеани продолжува.

Младиот Богдан, кој поминал со лесни повреди, вели дека сирените го разбудиле, а потоа го слушнал силниот удар на проектилите.

  • Слушнав сирени, се разбудив и имаше многу силен удар, ме оттурна, станот беше разрушен. Одлетав од ударот. Потоа ги зедов кучињата, па имаше уште еден удар, паднавме. Лежејќи чекав кога ќе заврши ова. Станавме и отидовме во салата и имаше уште еден удар- Богдан, жител на Киев.

Станбената зона е евакуирана, а потрагата по преживеани продолжува. После 11 дена тензичен мир, утрината две станмени згради во Киев беа цел на руските сили. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека нападот врз Киев можеби бил „симболичен чин“, што се случува непосредно пред самитот на НАТО оваа недела. Бројот на повредени и хоспитализирани расте..

  • Имаме неколку повредени, две лица во моментов се хоспитализирани, тие се стабилни. Во зградата во моментов има многу чад и станбената зграда е уништена. Знаеме внатре има луѓе, слушаме гласови, се надеваме дека ќе направиме најдобро што е можно да ги извлечеме луѓето. Нападнаа пред самитот на НАТО, можеби тоа е симболично, симболична агресија деновиве.Тоа е симболичен напад- Виталиј Кличко, градоначалник на Киев.

Според украинските служби 14 проектили биле лансирани кон регионот на Киев. На истиот ден на нападот рускиот министер за одбрана допатува во Украина за да им додели медали на своите војници и да ги мотивира за нови успеси.

  • Уверен сум во вас. Ви претстојат уште многу славни дела во корист на нашата татковина, вооружените сили и воздухопловните трупи. Честитки! Грижете се за себе- Сергеј Шојгу, руски министер за одбрана.

Руските сили сега го контролираат Северодонецк во источна Украина, потврдува тамошниот градоначалник Олександр Стрјук, додавајќи дека војска се повлекла од стратешните позиции. Силно руско гранатирање го претворија градот во урнатини.

Многу цивили се засолнуваа во огромната хемиска фабрика Азот, а единствениот излез сега е преку територијата што ја контролира Русија. Северодонецк, некогашен дом на околу 100.000 луѓе, доживеа жестоки улични борби, а повеќето негови жители избегаа.

Заземањето на градот значи дека Русија сега го контролира речиси целиот регион Луганск и голем дел од соседниот Доњецк – двата региони кои го формираат индустрискиот Донбас.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична против кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе