Вести Македонија Најважни

Македонија ѝ кажа „не“ на ЕУ

Францускиот предлог е неприфатлив за Македонија. Ова денеска по средбата со лидерите на Европската унија го соопшти премиерот, Димитар Ковачевски, испорачувајќи и „не“ на ЕУ.

„Предлогот од ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Северна Македонија“, кажа Димитар Ковачевски, премиер на Македонија.

Ковачевски во седиштетот на Европската унија заблагударувајќи му се на францускиот претседател, Емануел Макрон, за напорите кои го направила Франција за да го реши проблемот, ги соопшти црвените линии преку кои Македонија нема да прифати преговарачка рамка.

„Предлог кој би бил прифатлив треба да ги гарантира клучните елементи – чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка. Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнување на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот. Цврсти гаранции и од Бугарија и од ЕУ дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој се уште не е усогласен со Бугарија. И секако, секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на РС Македонија“, наброи Ковачески.

Македонскиот премиер притоа порача дека доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за македонските позиции, земјава е подготвена да се вклучи во преговори за истите за да се започнат преговори до крајот на јуни.

Ковачевски на средбата со лидерите на 27 земји-членки им изразил незадоволство од текот на процесот за Македонија, со порака до нив:

„Северна Македонија и Албанија, но и регионот, не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка која не успева да се искоординира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат. Не смееме да дозволиме билатералните прашања да станат мултилатерален проблем“, рече Ковачевски.

Инаку бурата која денеска се случи во Брисел можеше да се насети уште претходно на официјалниот сајт на Европската унија на која се најавуваат и емитуваат прес-конференциите од Брисел кога закажаната прес-конференцијата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен и на францускиот претседател, Макрон, како земја претседавач со Унијата, беше откажана веднаш штом заврши состанокот ЕУ – Западен Балкан. Неофицијално, откажувањето на прес-конференцијата било поради тоа што состанокот траел дав часа подолго од предвиденото, но без најава за кога е одложена да се одржи.

До овој момент нема ниту заедничка пишана изјава или соопштение oд ЕУ по самитот со Западниот Балкан.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе