Вести Свет

Радев задоволен од преговарачката рамка но предупредува дека билатералниот протокол треба да се доработи

Францускиот предлог за преговарачката рамка за Македонија е најдобриот досега, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев, оценувајќи дека тој немало да се случи ако Бугарија не го употребила ветото, според него, со јасен став и аргумент.

Радев изрази задоволство и од фактот дека суштинските преговори на Македонија со Европската Унија нема да почнат се додека Бугарите не бидат впишани во нашиот устав. Но доследно секогаш на браникот на бугарските максималистички и националистички барања, Радев ги предупреди бугарските политичари. Рамката не е доволна.

„Но, сакам да им се обратам на бугарските политичари, да не брзаат да објават историска победа. Затоа што промената на Уставот не е последниот, како што некои тврдат, туку првиот чекор на патот кон интеграцијата. Треба да му е јасно на нашето општество дека овој процес се заснова на два важни документи. Првиот е преговарачката рамка кој е дело и се изработува од Европската Унија. Вториот важен документ од друга страна е билатералниот протокол, кој е наше дело“, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.

Според бугарскиот лидер, самата преговарачка рамка не може да ги заштити интересите на нивната држава, бидејќи таа најопшто го опишува процесот на пристапување кон Европската Унија.

Радев тврди дека вистинската заштита на бугарските интереси, на нивното културно-историско наследство, на промената на учебниците и натписите на спомениците, на рехабилитацијата на жртвите и општото прекинување на процесот на дебугаризација зависи од содржината на билатералниот протокол, бидејќи врз основа на него, Европската Унија ќе следи што треба да бара и заштитува во процесот на преговори.

„Во овој момент, предложениот билатерален протокол не ги заштитува доволно и не дава доволни гаранции за заштита на нашите интереси. Како конкретни постапки, како јасни механизми, со рокови и мерливи критериуми. Јас затоа ги повикувам одговорните институции да ги постават параметрите што недостасуваат во овој билатерален протокол, бидејќи ако тој не биде ажуриран и прецизиран, самата преговарачка рамка станува бесмислена, таа е рамка“, вели Радев.

Откако посочи што се треба да направи Македонија за да ги задоволи Бугарските максималистички барања, Радев им се обрати и на нашите политичи лидери, укажувајќи им дека сега било време за политичко лидерство и храброст во името на иднината. Иако Бугарија е очигледно и тоа како преокупирана со минатото, Радев заврши со поуката до македонските политичари дека патот кон Европа бил напред а не назад.

Никола Илиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе