Вести Македонија Топ вести

Османи: Билатералните и историските прашања нема да бидат предуслови за придвижување напред во процесот со Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Телма вели дека португалскиот предлог е основа за решение на спорот со Бугарија. Тој вели дека по однос на билатералните прашања нема да се дозволи да има посебно поглавје, а историските прашања нема да бидат критериум за придвижување на процесот напред.

„Мене ми е најважно прво да се утврди дали има политичка волја пред да пристапиме кон конкретните прашања, конкретните решенија и документи. Засега не гледаме политичка волја во Софија. Во моментот кога ќе видиме сигнал дека таму има политичка волја тогаш ќе влеземе и во тие разговори како понатаму во однос на конкретните предлози. Во однос на јазикот ние сме кажале уште претходната влада, па и сегашната дека португалскиот предлог е основа за решение, исто така и по однос на билатералните прашања дека ниту ќе се дозволи ниту да има посебно поглавје ниту историските прашања да бидат „бенч маркови“ или предуслови за придвижување напред во процесот“, изјави Османи.

На прашањето дали Министерството за надворешни работи ќе бара од Собранието да одлучи дали да се продолжи со процесот понатаму, Османи вели дека за тоа е изгласана Декларација која исцртува рамките на македонската позиција.

„Мислам дека собранието има излгасано декларација во парламент која ги исцртува рамките на нашата позиција, доколку би се излегло од тие рамки се разбира дека би барале амин од собранието. Се додека сметаме дека сме во рамки на декларацијата, мислиме дека имаме мандат да продолжиме да разговараме“, вели Османи.

Целосното интервју со министерот за надворешни работи гледајте го вечерва во 19.15 во Топ тема на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе