Вести Македонија

Екс претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода по 92 дена во притвор

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини е пуштен да се брани од слобода по 92 дена минати во истражниот затвор „Скопје“. Веста ја сподели неговиот адвокат Шкодран Алили на социјалните мрежи.

„Драги пријатели, кои во секој момент ја изразувавте својата солидарност и подготвеност во текот на сите овие 92 дена, денеска сакам да ја споделам оваа радост со вас, исто како што заедно ги споделувавме и најтешките денови. Од денес, Мети Сејдини ќе се брани од слобода. Народот вели: „Правдата доцни, но не заборава“. Мети веруваше во ова и ниту за миг не се поколеба. Не потклекна, не се скрши, туку остана цврст и непоколеблив, каков што сите го знаеме: мотивиран, достоинствен и верен на убедувањата што отсекогаш ги бранел. Денес е ден на радост, но и доказ дека верата, истрајноста и правдата на крајот победуваат. Добредојде во слободата, Мети“, напиша Алили на Фејсбук.

Мухамед Сејдини беше лишен од слобода во акција на МВР и Јавното обвинителство во Скопје во април. Тој се сомничи за проневера и злоупотреба на околу 700.000 евра од УЕФА наменети за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Функсијата во Куќата на фудбалот ја презеде во 2019 година, како в.д претседател на местото на Илчо Ѓорѓиоски, кој исто така, се сомничи за финансиски криминал. Потоа беше избран за претседател на ФФМ, по предлог на ОФС Кичево, на Изборното собрание на Федерацијата во 2021 година. На чело на ФФМ беше до 2024 година, кога поднесе оставка по парламентарните избори, а негов наследник беше избран Масар Омерагиќ на вонредното Собрание на ФФМ во декември истата година.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Докторка претрпела „професионално согорување“ во болницата каде работела, судот ѝ додели отштета 20.000 евра

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Kristina Kuzmanovski

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе