Вести Македонија Најважни

Прифатена гаранција од преку милион евра за Сејдини – судот го укина притворот за експретседателот на ФФМ и го пушти да се брани од слобода

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода, откако судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од преку еден милион и 150.000 евра врз основа на хипотека и ја укина мерката притвор. Истовремено, Судот наложи одземање на патната исправа на Сејдини како мерка на претпазливост за негово обезбедување во натамошниот тек на постапката.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор. Истовремено, заради обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, Судот определи мерка на претпазливост – одземање на патната исправа. По поднесениот предлог за укинување на мерката притвор со определување гаранција и добиено позитивно мислење од Јавниот обвинител, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го уважи предлогот и ја прифати понудената гаранција, а со оглед дека против решението не беше изјавена жалба, истото стана правосилно, по што осомничениот е пуштен да се брани од слобода“, се наведува во соопштението на Освониот кривичен суд Скопје.

Мухамед Сејдини беше лишен од слобода во акција на МВР и Јавното обвинителство во Скопје во април. Тој се сомничи за проневера и злоупотреба на околу 700.000 евра од УЕФА наменети за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Функцијата во Куќата на фудбалот ја презеде во 2019 година, како в.д претседател на местото на Илчо Ѓорѓиоски, кој исто така, се сомничи за финансиски проневери. Потоа беше избран за претседател на ФФМ, по предлог на ОФС Кичево, на Изборното собрание на Федерацијата во 2021 година. На чело на ФФМ беше до 2024 година, кога поднесе оставка по парламентарните избори, а негов наследник беше избран Масар Омерагиќ на вонредното Собрание на ФФМ во декември истата година.

С.Д.

Екс претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода по 92 дена во притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екс претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода по 92 дена во притвор

Sasko Dimovski

(Видео) „Спајдермен“ му помогна на немоќно лице да премине улица

Sasko Dimovski

Трамп: Иран е значително ослабен, но и натаму е сериозен противник

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе