На бензинска пумпа во германскиот град Келн, 80 годишниот Бернд Милер гледа како цифрите брзо се качуваат на бројачот на пумпата.
„Ќе се ослободам од мојот автомобил во октомври, ноември..Со пензијата… а потоа и со качувањето на цените на бензинот, мора да намалите нешто“- рече Милер.
Како што се зголемува количината на наполнето гориво така се зголемува и цената.
Низ целиот свет, возачите ги преиспитуваат своите навики и личните финансии во услови кога цените на бензинот вртоглаво растат, поттикнати од војната во Украина и глобалното враќање по Ковид пандемијата.
„Досега повеќе или помалку сме се навикнале на високите цени на горивото, дури и ако тоа е глупаво. Но, сепак мора да продолжиме да возиме. Јас патувам до друг град и мора да продолжам.“-рече Каролин Лемкол, 25-годишна студентка.
Германската влада ги намали даноците за 35 евроценти по литар на бензинот и 17 центи на дизелот, но цените повторно растат.
Германија, воведе попуст за билетите за воз кои сега чинат 9 евра за месечен билет за јавен превоз.
„Секако е добра работа попустот и луѓето треба да го искористат во текот на летото, но има и свои недостатоци. Станиците се ужасно преполни, не можете да седнете во возот и има голем хаос. Но, сепак, особено за младите и за малку посиромашните луѓе, мислам дека е во ред“.- рече патник на железничка станица.
Продадени се 25 милиони билети меѓутоа од германската железница велат дека тоа е овозможено со големи државни субвениции.
„Користењето јавен превоз на национално ниво за 9 евра месечно не е бизнис модел достапен за понатака затоа што ниту политиката ниту транспортната индустрија може да си го дозволат тоа. Федералната влада за субвенции за три месеци потроши 2,5 милијарди евра што е цифра од 10 милијарди евра годишно“-, рече Ларс Вагнер, шеф на здружението на германски транспортни компании.
Но, програмата помалку им користи на луѓето во селата ако нема железничка станица во близина, а од друга страна на бензиските пумпи се продава иста количина на бензин како и пред пандемијата покажуваат првичните анализи.
Иднината на енергенсите во Германија и во Европа и натаму е неизвесна. Поради војната во Украниа и поради санкциите кон Русија која ја започна војната.
Тамара Марковска

