Вести Македонија Топ вести

Петков: Не го прочитав францускиот предлог, директно го испратив до бугарското собрание

Бугарскиoт премиер Kирил Петков вели дека не го ни прочитал предлогот што го испрати до Бугарија Франција, како земја претседавач со Европската Унија, туку веднаш го препратил во Собранието.

„Тие сакаат да повторуваат одново и одново некакви тези за национално предавство, тези за некакви задкулисни игри при решавањето. Не. Тоа што ќе го видите во следните неколку денови ќе биде краен одговор на тоа прашање. Јас како премиер нема да донесам никакво решение освен ако тоа решение не биде донесено првенствено од бугарскиот парламент и јас ќе ја исполнам волјата на бугарскиот парламент. Ако за решение нема време, јас ќе чекам додека тоа решение биде донесено. Сега наредната недела одам во Брисел и од сега кажувам ако нема решение на бугарскиот парламент за една или друга насока, единственото нешто што ќе се каже кога ќе седнам на масата со сите други лидери од Европа, јас ветувам дека тоа решение ќе треба да се донесе од бугарскиот парламент и доколку тоа не е донесено, јас нема ништо да направам, никаква промена во бугарската позиција“, изјави Петков.

Петков вели дека сите одлуки ќе ги носи бугарското собрание.

„Донесовме решение на Министерскиот совет каде што рековме секој предлог од секого во Европа треба автоматски да оди во парламентот. Така нема да испадне јас да решавам дали да оди во парламентот или не. Автоматски од Брисел во бугарскиот парламент. И денеска кога дојде предлогот од француската страна во Брисел, веднаш отиде директно во комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент без да помине дури ниту преку министерскиот совет“, изјави бугарскиот премиер во интервју за БНТ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе