Вести Свет

Минските полиња во Украина се големи како 12 Македонии – секојдневно гинат невини цивили

Децении се потребни за област колку дванаесет Македонии во Украина од 300.000 квадратни километри да биде исчистена од мини.

Камионџијата Вадим Швидченко движејќи се по земјен пат налетал на мина која го разнело неговото возило, а 40-годишниот шофер успеал да се спаси со полесни рани на ногата и главата.

„Возев овде пред два дена и беше во ред. Ти велам, првиот пат беше во ред, но вториот пат, тогаш се случи“, вели Швидченко.

Многумина ја немаат среќата на Швидченко. Руската инвазија на Украина увезе смртоносен отпад од мини, бомби и огромен број други експлозивни направи кои ќе ги загрозуваат животите и екстремитетите на цивилите со години по завршувањето на борбите.

Честопати, жртвите на експлозиите се земјоделци, работници и други со мал избор освен да користат минирани патишта и да ораат минирани полиња. Украина сега е една од најминираните земји во Европа, а цивили гинат постојано.

 

Сајмон Конвеј, кој ги води напорите за расчистување на мините во Украина за невладината организација „Хало Труст“, вели дека очајот ги тера луѓето да преземаат ризици иако знаат за мините.

„Луѓето се многу желни да ја обработуваат земјата, сакаат да садат култури, очекуваат, знаете, да можат да достават жито до остатокот од светот. Земјоделските компании кои ја закупуваат земјата се под огромен притисок да генерираат храна, а тоа во основа ги поттикнува. Значи, луѓето преземаат ризици, тие преземаат ризици што би можеле да ве изненадат вас и јас, но тие се чувствуваат под притисок да го сторат тоа“ – вели Конвеј.

Неговата добротворна организација доби уште 4 милиони долари од американската влада за да ги зголеми активностите за деминирање.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе