Вести Свет

Борел: Мораме да продолжиме да разговараме со Русија

Европа ќе мора да коегзистира со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, затоа мора да се вложат сите напори за одржување на дијалогот со Москва, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за денешното издание на францускиот „Журнал де диманш“.

– Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да дефинираме како мислиме да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мораме да комуницираме со Русите. Неопходно е да се продолжат разговорите со Москва, изјави Борел.

Тој, исто така, укажа на важноста на отворените канали за комуникација со Русија, потсетувајќи на патувањата на австрискиот канце лар Карл Нехамер во Москва во април, како и на претседателот на Африканската унија, Маки Сал, во Сочи на почетокот на јуни.

Борел изјави дека двајца претставници на генералниот секретар на ОН се во Русија, кои се обидуваат да го решат проблемот со извозот на украинското жито.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео/Фото)Шумски пожари во Шпанија: Прогласена национална вонредна состојба

Kristina Kuzmanovski

Николовски во Телма интервју: Сите нови вработени кои се помлади од 40 години се вклучуваат во вториот пензиски столб

Kristina Kuzmanovski

(видео)Бура ја погоди Атина, небото се отвори, дожд и грмежи и на Халкидики, на Олимп силен град ја прекри планината во бело

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе