Вести Свет Топ вести

Данска по половина век одлучи да се приклучи кон европската одбранбена политика

По долги години избегнување на одбранбената политика на ЕУ, Данска иако половина век нејзина членка и еден од основачите на НАТО, одлучи да се приклучи на европските сојузници. Руската инвазија на Украина ја натера да ја преиспита својата одлука да се држи настрана од вооружените конфликти, и на вчерашниот референдум 67% од Данците изгласаа дека е време да ја сменат одбранбената политика.

  • Важно е за Данска како нација, важно е да заземеме став, и според мене, треба да се приклучиме, во спротивно „останувате пријателот кој никогаш го нема“.
  • Сакам Данска да биде повеќе во брак со ЕУ, дефинитивно. И долго време, мислам дека треба да бидеме. Тоа е единствениот начин да се решат многу проблеми е кога ќе го направиме тоа внатре во ЕУ.

За данската премиерка, одлуката на нејзиниот народ е јасна порака на Путин дека Европа ќе остане обединета и по неговата инвазија.

Затоа што мислам дека за жал сведоци сме на време кое е уште понеизвесно од она што го доживуваме сега. Затоа, ни треба единство, и треба да застанеме заедно и мислам дека ова го одбележуваме со гласањето за денеска, вели премиерката Мете Фредериксен.

Позитивниот исход од изјаснувањето доаѓа откако Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, што за аналитичарите е логичен резултат.

За малите европски држави, целосното интегрирање во европската безбедносна архитектура, без разлика дали тоа е ЕУ или НАТО е сè поважно во моментов, а особено, се разбира, околу точките на конфликт со Русија, било да е тоа Црното Море, било да е тоа Балтичкото или Арктичкото Море за тој момент, смета КРИСТИЈАН СОБИ КРИСТЕНСЕН, ЦЕНТАР ЗА ВОЕНИ СТУДИИ КОПЕНХАГЕН

Во меѓувреме, западните сили продолжуваат да ја снабдуваат Украина со се посовремено и моќно оружје. По вчераните ракети со долг дострел од Америка, денеска и Велика Британија испраќа ракетни фрлачи. Ова го зголемува бесот на руската армија, кои ги концентрираат своите позиции на истокот од земјата, во градот Северодоњецк. Тука веќе се водат улични битки. Преземањето на Северодонецк би значело дека Русија ќе го контролира речиси целиот Луганск, со што би се исполнила една од главните цели на рускиот претседател Путин.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По најавите од УХМР за нестабилно време, од „Паркови и зеленило“ предупредуваат: Не ги паркирајте возилата под дрвја

Sonja Petrusevska

ЕСМ бара консултант да изработи студија за комбинирана гасна централа во Битола

Дејан Дејан

(Видео) Водата во Крушево е бактериолошки неисправна, мора да се преврива – да не се пие ниту од чешмите кај бензиската пумпа и кај Св. Петка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе