Uncategorized Вести Македонија

По најавите од УХМР за нестабилно време, од „Паркови и зеленило“ предупредуваат: Не ги паркирајте возилата под дрвја

Од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, апелираат до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици, а по најавите од УХМР за нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според Управата за хидрометреолошки работи денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²).  Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).

Од Паркови и Зеленило, исто така ги повикуваат граѓаните доколку забележат паднато дрво, скршени гранки или друга опасност предизвикана од временските непогоди,  да ја пријават на тел. број за итни случаи 112 или на дежурните телефонски броеви  на ЈП „Паркови и зеленило“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ бара консултант да изработи студија за комбинирана гасна централа во Битола

Дејан Дејан

(Видео) Водата во Крушево е бактериолошки неисправна, мора да се преврива – да не се пие ниту од чешмите кај бензиската пумпа и кај Св. Петка

Дејан Дејан

Муцуски: Уставни измени со одложено дејство како опција за откочување на пристапниот процес на Македонија во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе