Вести Македонија

Со обележани 2000 евра, кавадарчанец е уапсен за измама

Полицијата го уапси 32 годишниот М.Д од Кавадарци кој бил фатен со обележани 2000 евра на Градскиот плоштад.

Тој е приведен поради измама на кумановка, на која ѝ ветувал дека ќе посредува за добивање странски пасош за 400 евра. Потоа почнал да ѝ бара дополнителни парични средства, па за кратко време таа му дала вкупно 9.000 евра. И покрај тоа, тој продолжил да бара уште пари.

По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2 000 евра, кои ги земал од пријавителката, а кои претходно биле криминалистичко – технички обработени од полициски службеници од ОВР Кавадарци.

Пред  јавен обвинител,  го признал делото. Ќе одговора за кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Немал дозвола, возел под дејство на алкохол и излетал од пат кај Кочани – лишено од слобода 24-годишно момче

Sasko Dimovski

Охрид останува надвор од Листата светски наследства во опасност – УНЕСКО даде рок од пет години за спроведување на препораките

Sasko Dimovski

Тест модел на ВИ избега од изолирана средина и влезе во сервери на друга компанија – „ова е сериозно“, предупредуваат експертите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе