Вести Свет Топ вести

Турскиот суд денеска ќе донесе одлука за случајот против градоначалникот на Истанбул

Турскиот суд се очекува денеска да донесе одлука за случајот со градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, опозициска личност за која според анкетите ќе биде силен кандидат за претседателската функција на Реџеп Таип Ердоган на изборите следната година, објави Ројтерс.

Пресудата ќе биде изречена неколку недели откако турската правда ја осуди една од највлијателните турски жени во политиката, Џанан Кафтанџоглу, окружниот претседател на Истанбул на опозициската Народно-републиканска партија, која одигра клучна улога во победата на Имамоглу на изборите за градоначалник.

Политичките аналитичари и пратениците на Народно-републиканската партија го гледаат случајот како дел од напорите на Ердоган и неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) да ја замолчат опозицијата пред парламентарните и претседателските избори следната година.

Критичарите велат дека турската правда е подложна на волјата на Ердоган по две децении сè поавторитарно владеење.

Владата ги негира обвинувањата и вели дека судството е независно.

Имагоглу, член на Народно-републиканската партија, е обвинет за навреда на службеник во говорот што го одржал во врска со предизборието на локалните избори во 2019 година. Имамоглу победи на изборите со мала предност пред неговиот ривал од АКП и откако беа поништени, победи второто гласање со поголема поддршка.

Имамоглу во својот говор рече: „Тие што ги поништија изборите на 31 март се будали“.

Прес-службата на општината Истанбул соопшти дека тој на ваков начин му одговорил на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој, според општината, Имамоглу го нарекол будала. Наведено е и дека Имамоглу не ја критикувал Високата изборна комисија, туку политичарите кои предизвикале поништување на гласањето.

Прес-службата на општината неделава соопшти дека судството се користи како „оружје за претстојните избори“.

Обвинителството бара Имамоглу да биде затворен на четири години и еден месец, објави државната новинска агенција Анадолија.

Неформалната опозициска коалиција се уште не го избрала својот претседателски кандидат. Повеќето аналитичари очекуваат дека претседателот на Народно-републиканската партија Кемал Клчдароглу ќе ја добие номинацијата, но Имамоглу е друг можен кандидат. Според некои анкети, тој лесно би можел да победи во вториот круг од изборите против Ердоган, чија популарност опадна во услови на серија економски кризи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екс претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода по 92 дена во притвор

Sasko Dimovski

(Видео) „Спајдермен“ му помогна на немоќно лице да премине улица

Sasko Dimovski

Трамп: Иран е значително ослабен, но и натаму е сериозен противник

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе