Вести Свет Топ вести

Папата ќе го посети Казахстан на меѓуверски конгрес, каде што е можно да се сретне со патријархот Кирил

Ватикан вчера објави дека папата Франциско ќе го посети Казахстан во септември на светскиот меѓуверски конгрес, на кој е можно да се сретне со поглаварот на Руската православна црква (РПЦ), патријархот Кирил, јави Асошиетед прес.

Средбата со патријархот Кирил би била важна, имајќи предвид дека рускиот верски водач ја поддржува руската инвазија на Украина. Франциско ја откажа средбата со Кирил закажана за јуни во Ерусалим поради дипломатските последици од позицијата на лидерот на РПЦ. Френсис го критикуваше уништувањето предизвикано од војната, но се обиде да избегне конфликт со Кирил што ќе го направи бесмислен деценискиот дијалог со РПЦ. Светиот Отец и патријархот Кирил првпат се сретнаа во Хавана во 2016 година и ова беше прва таква средба меѓу папата и рускиот патријарх во еден милениум, јавува Асошиетед прес.

За патувањето на папата во Казахстан се разговараше уште во април. Во тоа време, папата Франциско одржа видео-конференција со казахстанскиот претседател Касам-Жомарт Токаев. Сепак, Светата столица не потврди дали Светиот Отец има намера да учествува на состанокот на претставниците на различни светски религии, закажан за 14 и 15 септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екс претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода по 92 дена во притвор

Sasko Dimovski

(Видео) „Спајдермен“ му помогна на немоќно лице да премине улица

Sasko Dimovski

Трамп: Иран е значително ослабен, но и натаму е сериозен противник

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе