Вести Свет Топ вести

Продолжува противењето на шестиот пакет санкции против Русија

Лидерите на ЕУ во понеделник ќе одржат вонреден самит во Брисел, чија примарна цел ќе биде деблокирање на шестиот пакет санкции за Русија, кој заглави поради противењето на неколку земји од централна и источна Европа. Најзвучна точка од шестиот пакет санкции, секако е комплетната забрана за увоз на руски енергенси во ЕУ, но во исто време е и главната причина за противењето на земји како Унгарија, Чешка и Словачка. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, во писмо го предупреди претседателот на ЕС, Шарл Мишел, дека нема намера да разговара за таа тема во понеделник, тврдејќи дека забраната за увоз на руска нафта и гас, ќе биде нуклеарна бомба за унгарската екеономија.

Унгарија нема да гласа за предлогот на Брисел за нафтено ембарго, се додека тоа го прави унгарскиот увоз на енергенси невозможен. Овој проблем беше создаден од Европската комисија, и затоа решението мора да биде понудено од Европската комисија, категоричен беше министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

При воведувањето на претходни пакети земјите членки без поголеми проблеми ги усогласуваа ставовите а ЕК гордо тврдеше дека често критикуваната бавна европска бирократија, беше исклучително брза и ефикасна во воедувањето на санкциите против Русија и одобрувањето на помош за Украина. Фалбите беа основани се до предлагањето на шестиот пакет санкции, а сега, многумина во Брисел ја обвинуваат претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен дека избрзала со предлогот. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој од почетокот на војната лобира за запирање на милијардите евра кои секој месец Русија ги заработува од извозот на енергенси во Европа, бара поголема експедитивност од Брисел.

Притисокот врз Русија буквално е спасување животи. И секој ден на одолговлекувања, салбости, разни дебати или предлози да се смири агресорот за сметка на жртвите значи повеќе убиени Украинци. Ова се нови закани за сите на нашиот континент, предупреди Зеленски.

Покрај забраната за увоз на енергенси, во шестиот пакет има повеќе мерки, како проширување на контролата врз увозот на останати производи, дополнително замрзнување на средства и имот, но и санкции насочени кон најголемата руска банка, Сбербанк.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе