Вести Македонија

За Мисовски, Талат е подобар и од Тито

Политичка пресметка. Вака потпретседателот на Собранието, Горан Мисоски од НСДП, ја  коментира аудио снимката од која се слуша како човекот кого го заменува во отсуство вика, пцуе и ги навредува собраниските службеници. За Џафери вели дека е најдобриот претседател што Собранието кога било го имало, иако еден период на таа функција беше и се` уште актуелниот претседател на неговата партија, Тито Петковски, за чиј наследник се подготвува.

Осуда или коментар за однесувањето на собранискиот спикер, деновиве немаше ниту од останатите коалициони партнери во власта, вклучително ниту од премиерот, кој е со став дека од снимката не се гледа кој со кого зборува и за него, тоа е доволна причина за да не дава субјективно мислење.

Опозициските партии, кои поведоа постапка во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и предложија пратеници кои се подготвени да сведочат за однесувањето на Џафери,  денеска излегоа со нови обвинувања дека намерно не се закажува седницата на комисијата која треба да расправа за аудио снимката.

Пренџов тврди дека, за време на случката, во пленарната сала имало повеќе пратеници од власта и ги охрабрува да посведочат и тие за однесувањето на собранискиот претседател. Од  Џафери и неговиот кабинет не ја коментираат иницијативата на опозицијата за дисциплинска постапка против него, која се заснова на кршење на етичкиот кодекс на пратениците. Неколку дена по ред нема збор ниту за аудио снимката.

Далиборка Демјанска Цвтеновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Трамп по пристигнувањето во Анкара: Многу сум разочаран од НАТО, помош за Иран не нѝ требаше, само ги тестирав луѓето

Sasko Dimovski

Судски совет го пензионира претседателот на Судот во Гостивар, обвинет дека зел 8.000 евра за да влијае врз судии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе