Вести Култура Свет

Зеленски на Канскиот филмски фестивал ја повика кинематографијата да не молчи

Говорејќи од Киев, шефот на украинската држава зборуваше десетина минути за време на свеченото отворање на Канскиот филмски фестивал. Тој ги повика актерите на 7-та уметност да не „молчат“ пред руската инвазија.

Претседателот Володимир Зеленски, со затвореното лице кое сега го познава целиот свет, , се појави од Киев на екранот на Големиот театар Лумиер, како што тоа го правеше во април за време на доделувањето на Греми наградите. И како што беше предвидено и побарано од Шон Пен, за време на последното издание на Оскарите. Во вторникот вечерта, поранешниот акробат кој стана воен лидер на тој начин десет минути се обидуваше да го мобилизира светот на кинематографијата собран во Кан.

Зеленски го спомна масакрот во Буча. Пеколот, вели тој, е посладок од војната. Тој потоа потсетува дека театарот во Мариупол, каде што животот го загубија неколку стотици цивили, не е толку различен од оној во кој се одржува церемонијата на отворање. Претседателот инсистираше на желбата за хаос што ја има Владимир Путин. Пред да ја повика 7-та уметност да ги поддржи неговите зборови.

-Ни треба нов Чаплин кој ќе докаже дека киното не е глупаво. Омразата на крајот ќе исчезне, диктаторите ќе умрат. Ќе продолжиме да се бориме, немаме друг избор (…) Убеден сум дека диктаторот ќе загуби, порача украинскиот претседател.

Поранешниот актер направи споредба на рускиот претседател Владимир Путин и ремек-делото на Чарли Чаплин. „Дали киното ќе молчи или ќе зборува за тоа?“, на крајот се запраша тој, решен да ги интерпелира актерите во кино индустријата, по што следеше силен аплауз во салата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе