Северна Кореја се обидува да собере средства за своите програми за нуклеарно оружје и балистички ракети со тоа што испраќа ИТ работници кои бараат работа ширум светот, прикривајќи ја нивната севернокорејска националност, објави Ројтерс, повикувајќи се на информации од САД.
Во соопштението издадено од американскиот Стејт департмент и Министерството за финансии, како и од ФБИ, се вели дека ова е направено за да се заобиколат санкциите на САД и ОН и се предупредени на потенцијалните правни и репутациски ризици за компаниите кои ги вработуваат овие работници.
