Вести Свет

Мицотакис: Грција е столб на стабилностa на Балканот и сигурен партнер во Источен Медитеран

На синоќешната средба во Белата куќа со американскиот претседател Џо Бајден, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека  Грција е столб на стабилност на Балканот и сигирен партнер во Источен Медитеран.

Бајден се заблагодари на Мицотакис за моралната поддршка што Грција ја дава на Украина во отпорот против руската агресија.

-Ние сега сме соочени со обединет предизвик со руската инвазија на Украина, изјави Мицотакис.

Додаде дека грчко-американските односи се на највисоко можно ниво.

-Не зборувам само за одбранбениот дел, туку и за (американските) инвестиции и за улогата на Грција како сигурен партнер во регионот на Источен Медитеран, како земја која ја надмина финасиската криза со економијата во подем и како столб на стабилностa на Балканот и во поширокиот регион.

Претседателот на САД организира прием во чест на одбележувањеto на 201 годишнината од почетокот на војната за независност на Грција.

Мицотакис претходно изјави дека 200 годишнината на овој најважен празник за Грција требаше да се одбележи лани, но поради Ковид-19 настаните беа одложени за годинава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе