Вести Свет Топ вести

Битка за Азовстал: Борците користат техничка вода за пиење, а нивните сопруги ја чекаат последната битка

Жените на опколените украински војници во фабриката Азовстал во градот Мариупол велат дека нивните сопрузи ја очекуваат последната битка.

Во внатрешноста тие имаат малку храна и вода за пиење, но немаат ниту многу надеж за дипломатски спас од Азовстал кој е опколен од руските сили.

– Разговарав со сопругот вчера. Ми кажа дека продолжува бомбардирањето и речиси никогаш не излегуваат на површината, изјавила Јулија Федосјук, сопруга на војникот Арсение Федосјук.

Азовстал е голен металопреработувачки комплекс кој има повеќекатни подземни скривници каде се наоѓаат украинските војници. Тоа е последното упориште на украинската војска во Мариупол, град пристаниште кој пред руската инвазија имаше околу 400 000 жители.

-Поприлично се песимисти и се подготвуваат за последната битка бидејќи не веруваат во дипломатско решение на нивната судбина. Најголем дел се во бункериѕе затоа што бомбардирањето не престанува, изјавила Јулија за украинската агенција Униан.

Во Азовстал има многу малку вода за пиење, а војниците се снаоѓаат и употребуваат сервисна техничка вода која била користена за работниот процес во фабриката.

-Пред неколку часа имав повик и ме погоди сознанието дека Русите користат фосфорни бомби врз Азовстал каде се нашите сопрузи, изјавила Катерина, сопруга на командантот на батаљонот Азов, Денис Прокопенко.

Минатата недела беа објавени фотографии од десетици украински војници со ампутирани нозе и раце, а кои се наоѓаат во Азовстал и не може да ја напуштат опколената фабрика со стотина ранети на кои им е потребна медицинска помош.

Според сознанијата на украинските власти, Русија сака во воени услови да организира и референдум за отцепување на Мариупол од Украина иако најголем дел од жителите избегаа од градот кој е во урнатини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Документарниот филм на Милчо Манчевски „ Добри луѓе“ во трка за наградата „ Срцето на Сараево“

Sonja Petrusevska

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс

Дејан Дејан

Старата чаршија пулсира во ритамот на музиката: Започна првото издание на Интернационалниот фестивал „Чаршија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе