Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање изјави дека Русија претрпела стратешки пораз во Украина и оти тоа му е јасно на целиот свет.
– На Русија и недостасува храброст да го признае тоа, посочи Зеленски.
Тој додаде дека руските сили се кукавици кои се обидуваат да ја скријат вистината зад ракетни, воздушни и топовски напади.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
