Вести Свет

Лиз Турс: Путин се понижува на светската сцена

Меѓународните санкции кон Русија треба да бидат укинати само кога сите нејзини војници ќе ја напуштат Украина, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, која присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија.

„Санкциите не треба да бидат укинати додека не дојде до целосно повлекување на Русија и мировен договор“, јасно рече Трус.

Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин мора да се соочи со пораз.

„Путин се понижува себеси на светската сцена“, рече таа, додавајќи дека мора да му се ускрати каква било корист од неговата инвазија на Украина и со тоа на крајот да се ограничи понатамошната агресија.

Таа, исто така, ја повика Украина да го зголеми пристапот до воената опрема на НАТО.

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска повторно ќе се сретнат со своите колеги од Украина и Молдавија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Валандовското комунално цела недела молчело за забраната за пиење на водата од АХВ

Дејан Дејан

Kолку е безбедна водата што ја користи Специјализираната болница за белодробни заболувања во село Лешок?

Kristina Kuzmanovski

Филмот на Срѓан Јаниќијевиќ „ Нема да ви се верува што се случи претходно“ во натпреварувачката програма на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе