Петмина загинаа во експлозија и пожар во хемиска фабрика во Југоисточна Словенија.
Службата за итна помош потврди дека уште две лица се хоспитализирани во критична состојба со сериозни изгореници по експлозијата кој се случила околу 8 часот и 30 минути утринава во градот Кочевје.
Во фабриката Меламин, каде што се случила експлозијата, вработени се околу 200 луѓе.
Двете повредени лица, во критична состојба биле пренесени во болница во Љубљана. Вкупно 20 луѓе побарале некаков вид медицинска помош.
Според последните информации експлозијата е причинета од човечка грешка.
При претовар на хемиска суровина таа била истоварена во погрешен силос и дошло до експлозија која била толку силна што сите што биле во близина не ја преживеале.
Надлежните, кои првично апелираа до жителите на Кочевје, да останат во своите домови, подоцна соопштија дека прелиминарните испитување не покажале дека постои опасност по здравјето на луѓето.
