Вести Свет Топ вести

Руски бомби уништија училиште во Луганск – се стравува дека убиени се најмалку 60 цивили

Повеќе од 60 луѓе најверојатно се убиени во руски авионски напад на училиште во источна Украина, каде биле засолнети повеќе од 90 цивили, потврдија локалните власти.

Училиштето во селото Билохоривка, во регионот на Луганск е целосно уништено а според регионалната власт, досега биле спасени 30-тина луѓе, од кои 7 се повредени.

Пожарот по експлозијата бил изгасен по три часа, но мали се шансите дека некој друг го преживеал нападот, тврдат Украинците.

Бомбардирањето на училиштето е само дел од жестоките судири во источна Украина, каде и во текот на минатата ноќ но и денеска продолжуваат борбите на повеќе локации на фронтот. Двете страни јавуваат дека уништиле значителни непријателски сили.

„На територијата на регионите Доњецк и Луганск, бранителите на Украина во текот на минатиот ден одбија 9 непријателски напади, уништија 19 тенкови, 20 единици оклопни борбени возила, 4 специјални оклопни возила, 6 возила и една единица на специјална непријателска инжинерска опрема“ – тврди портпаролот на Украинскиот генералштаб, Павло Ковалчук.

Последните жени, деца и постари луѓе кои се криеја во челичарницата Азовстал во Мариупол биле безбедно евакуирани, соопштија Украинските власти.

Тие се автобуси биле пренесени во привремен капм во близина на границата со Русија, од каде ќе бидат пренесени во Украинскиот град Запорожнија.

Украинците сакаат да ги евакуираат и ранети војници кои се кријат длабоко во подземните засолништа и тунели во жестоко бомбардираниот индустриски комплекс.. Според Зеленски досега биле евакуирани околу 300 цивили од Азовстал.

„Ние ги извлековме сите цивили од фабриката Азовстал и сега се подготвуваме за втората фаза на мисијата на евакуација за да ги извлечеме оние кои се ранети и медицинските лица. Секако, доколку секој го исполни договорот. Секако, ако нема лаги. Ние работиме и за евакуација на нашаат армија, на хероите кои го бранат Мариупол. Тоа е екстремно тешко, но суштински значајно“ – порача Украинскиот лидер, Володимир Зеленски.

Претпоставките се дека неколку стотици Украински војници се уште се кријат во Азовстал кој беше жестоко бомбариран од Русите минатите недели.

Русија инсистира преостанатите украински сили да го положат оружјето и да се предадат а претпоставките се дека официјален Кремљ сака да прогласи победа во Мариупол и негова успешна денацификација, едно од главните оправдувања за инвазијата на Украина, на утрешната голема воена парада во Москва, по повод 9-ти Мај, денот на победата над фашизмот.

Украинците досега постојано одбиваа да се предадат.

Украина во војната е силно поддржана од Западните сојузници а Зеленски на видео конференција денеска ќе разговара и со лидерите на земјите од групата Г7, вклучувајќи ги Џо Бајден и Борис Џонсон, кои досега донираа најголем дел воена опрема за Украинската војска.

Во Брисел е најавен и нов состанок на амбасадорите од земјите членки на ЕУ, за шестиот пакет економски санкции против Москва.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој им даде глас на преживеаните од Кочани, со светска премиера на сараевскиот фестивал

Sonja Petrusevska

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе