Вести Свет

„Шпигел“: Руски хакери напаѓаат германски сајтови

Руски хакери ги напаѓаат сајтовите на германските власти, институции и аеродроми, тврди германското списание „Шпигел“, повикувајќи се на интерниот извештај на надлежните органи.

Од кибер нападите, меѓу другото, се погодени и федералната полиција, неколку провинциски полиции, Бундестагот, Министерството за одбрана, но и партиската веб-страница на канцеларот Олаф Шолц.

Некои сајтови, како што се на Бундесверот и Министерството за одбрана, беа привремено затворени поради нападот.

Група хакери по име „Килнет“ ја презеде одговорноста преку Телеграм за кибер нападите.

Германските власти сметаат дека оваа активност на „Килнет“ е одмазда за испораката на оружје во Украина.

Инаку, „Килнет“ преку сопствените Телеграм канали бараше доброволци за виртуелна борба и нудеше за услугите, согласно „јачината“, од 50 до 3.000 долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе