Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот Саратога во центарот на Хавана, а повеќе од 70 лица се повредени, објави кубанската државна телевизија.
Кубанските власти соопштија дека првичните резултати од истрагата покажуваат дека причина за вчерашната експлозија е истекување на гас.
Вчерашната експлозија се случила во близина на училиште со повеќе од 300 ученици, соопштија здравствените власти, а во неа се повредени најмалку 15 деца, потврди Министерството за здравство, додека едно дете починало.
Кубанскиот министер за туризам Хуан Карлос Гарсија нагласи дека, според првичните извештаи, во експлозијата нема загинати или повредени странски државјани.
Хотелот бил затворен, а внатре во моментот на експлозијата биле само работниците кои работеле на неговото реновирање, истакна Роберто Енрике Калсадиља, претставник на воената компанија која управува со многу хотели во земјата.
