САД сака да се оддржи меѓувладината конференција на ЕУ за старт на прегворите со Македонија и Албанија најбрзо што е можно. Ова е пораката која од Вашингтон денеска ја испорача американскиот помошник државниот секретар, Карен Донфрид, велејќи дека пристапувањето на Македонија ќе донесе поголема стабилност и просперитет во Европа.
„ВАМ ви се одложува тоа ПРЕМНОГУ ДОЛГО. Исолнивте тешка работа со преземање на неоходни реформи и заслужувате брзо да напредувате. Ова сме го кажале и порано и ќе го кажеме повторно – иднината на Северна Македонија е во ЕУ“, изјави Карен Донфрид, помошник државен секретар на САД за Европа.
Донфрид која денеска во Скопје, придружувана од нејзиниот заменик, Габриел Ескобар, имаше средби со целиот државен врв. Средбите ги започна во владата со премиерот Димитар Ковачевски, каде се задржа речиси половина час повеќе од предвиденото, по што продолжи со средба со шефот на дипломатијата, Бујар Османи, па со шефот на државата Стево Пендаровски, на кои освен поддршката за европскиот пат на земјава, донесе и датум за одржување на меѓувладиниот стратешки дијалог меѓу САД и Македонија, со кој ќе се јакне стратешкото партнерство меѓу двете држави.
„Зајакнување на ова партнерство преку претстојниот стратешки дијалог меѓу северна Македонија и САД што ќе се одржи на 2 јуни во Вашингтон. Нам ни претставува посебна чест што Северна Макеоднија ќе стане прва земја од Западен Балкан што отвара сртатешки дијалог со САД“, рече Османи.
Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, како што информираше Османи, ќе ги опфаќа безбедноста, одбраната, економската соработката, трговијата, енергетиката, почитувањето на правото. Според него, јакнењето на соработката, но и зајакнувањето на американското присуство во регионот е значајно во контекст на безбедносните ризици предизвикани од руската инвазија врз Украина.
А за надминување на безбедносните ризици Османи, денеска по средбата со Донфрид, побара и забрзување на процесот на проширување на Европската унија.
„Никој од нас нема време за губење“, порача Османи.
Отсуството на напредок во евроинтегративниот процес, смета Османи, ќе има сериозни последици за Македонија, но и за регионот, со отворање на простор за штетно влијание од трети земји.
Предупредувања дека застојот на Македонија кон ЕУ е и безбедносно прашање, помошник државиот секретар САД, денеска слушна и од претседателот Пендаровски и од премиерот Ковачески, со порака дека процесот за земјава мора да се деблкира и преговорите со ЕУ да започнат.
Донфрид од Скопје отпатува за Тирана, по што ќе ја посети и Подгорица, каде ќе ја заврши својата балканска турнеа во рамки на која ги посети и Приштина, Белград и Сараево.
Тамара Грнчароска
