Вести Македонија

Неуспешни избори во Центар Жупа

ДИК констатираше дека на 17-ти април жителите на општината Центар Жупа не успеаја да изберат градоначалник. На гласање излегле недоволни 29,96 одсто од запишаните гласачи, односно, 239 гласачи помалку од потребните. ДИК ќе ја извести Владата дека и овие, повторени избори се неуспешни бидејќи одзивот на гласањето е помал од една третина. На Локалните избори во октомври минатата година, излезноста беше уште помала – 25,77 одсто.

Во трката за градоначалник учествуваа двајца кандидати: Ариан Ибраим од ДПТ и Шаин Шаќир од ДНЕТ.

Центар Жупа е печалбарска општина. Дури 70 одсто од жителите не се во земјава и тоа е причината што не се може да се постигне законскиот цензус од 30 одсто.

И општината Маврово-Ростуше не може да избере градоначалник. На редовните избори во октомври исто така немаше доволен одзив, а изборите закажани за минатата недела беа откажани откако не се пријави ниту еден кандидат, односно – двајцата кандидати од октомвриските избори ги повлекоа своите кандидатури.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе