Вести Македонија

Штабот за заштита и спасување на Центар денес ќе заседава за пожарот во „Треска“

Кризниот штаб на Општина Центар, заедно со другите надлежни институции денес ќе одржи состанок за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред неколку дена изби во поранешната фабрика „Треска“.

„Какви материјали гореле и дали истите биле закана по здравјето засега можеме само да претпоставуваме. Откако ќе се изврши анализа од стручните институции ќе имаме прецизен увид, но и ќе донесеме одлука за следните чекори како најбрзо и најбезбедно да го отстраниме целиот отпад и расчистиме просторот. Општината ќе се координира со останатите надлежни институции и ќе преземеме соодветни мерки“, вели градоначалникот Герасимовски.

Општина Центар ќе побара од овластени лаборатории за животна средина да извршат мерења и да достават извештаи од мерењата, како би се одредиле следните чекори.

Инаку поранешна фабрика „Треска“ под лупа на Обвинителството за организиран криминал. Се прибира документација од пред Втора светска војна, рече обвинителката Вилма Русковска за ТВ24.

„Се работи за предистражна постапка, се собира документација комплетна од пред Втора светска војна како е отворена фабриката, што било, кои објекти биле. После пред денационализација кои објекти биле и доколку има нешто спорно во врска со денационализацијата. А предметот е отворен по пријава на Државното правобранителство“ – рече Русковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Со симптоми на труење во Гостивар жители се уште бараат лекарска помош

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе