Неразделни, Аврил и нејзината мајка Мадо не може да бидат повеќе различни. Аврил има 30 години, мажена и има платена работа. Во начинот на кој го живее животот, таа е сосема спротивно од нејзината мајка, вечна тинејџерка, безгрижна и дрска. Но, кога двете жени ќе забременат во исто време и под ист покрив, судирот е неизбежен. Затоа што ако Мадо, фатена во средовечна криза, не е подготвена да стане баба, Аврил тешко може да ја замисли својата мајка – мајка.
Улоги: Жулиет Бинош, Камил Котин, Ламберт Вилсон
Режија: Ноеми Саљо
