Вести Македонија

Превентивно се повлекуваат Киндер производи

По скандалот со труење кој ја опфати цела Европа во кој беше  детектирана салмонела во бројни производи на компанијата Фереро, која ги произведува Киндер јајцата , македонската Агенција за храна и ветеринарство наложи превентивно повлекување на киндер производите. Ваквата одлука следи  по спроведениот вонреден инспекциски надзор на Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство кај операторот со храна Атлантик траде од Скопје, кој е увозник на производите од компанијата ,,ФЕРЕРО“.   Контролата е спроведена врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО од Загреб, која информира дека од превентивни причини од пазарот  во Република Северна Македонија се повлекуваат неколку серии од Киндер производите.

Согласно нивното известување, од пазарот, во земјава се повлекуваат сериите производи чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022 година, 23.08.2022 година,02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година и 30.06.2022 година, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство доби и нотификацијата од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ на  овој производител.

Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува  промет на призводи Киндер со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотовиод производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ  прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекуваат неколку производи.

Случаи на труење со салмонела поради чоколадните производи на марката Фереро претходно се појавија во Белгија, Велика Британија, Франција, Ирска, Холандија, Германија и други земји. Во Белгија се избројани над дваесет случаи на деца, кои консумирале чоколадни јајца на Киндер, што најмногу  се продаваат токму во овој период пред Велигденските празници.

Вкупно во цела Европа се идентификувани 125 случаи на труење.

Салмонелата е токсична бактерија која може да доведе до смрт. Во Белгија властите се сомневаат дека расипаните производи доаѓаат од фабриката на Фереро во градот Арлон. Во оваа фабрика се произведуваат низа чоколадни производи како Киндер и Шокобон кои потоа се извезуваат во цела Европа.

Сомнителните производи се повлечени од пазарот и се повикуваат потрошувачите кои веќе ги купиле да не ги конзумираат и веднаш да ги вратат назад од  местото каде ги купиле.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе