Вести Македонија

Парите за капитални проекти, општините ги потрошиле на високи сметки за струја

Комуналните претпријатија се дават во долгови, дополнителен проблем им се виските сметки за струја, кои им ги изедоа капиталните инвестиции, санација на старите водоводните мрежи или да се подноват со нови возила за собирање на смет. Пари има само за тековните дефекти за застарената водоводна линија, а неколку километарската азбестна водоводна мрежа ќе почека подобри времиња.

Последниве два месеци сметките за струја на комуналните претпријатија пораснаа за над еден милион евра. Неколку претпријатија добија и сметки повисоки од месечниот приход, каков што е случајот на „Исар“, сметката за струја изнесуваше 19 милиони, а приходиите 17 милиони денари.  Од Здружението на комунални претпријатија (АДКОМ) велат дека нивните барања за државна помош со месеци им се игнорирани.

Имаме две клучни барања. Комуналните претпријатија да бидат префрлени во повластената тарифа и да се поедностави постапката да може сами да отвораме соларни централи и така да ги намалуваме трошоците. За тоа пак ни е потребна помош, бидејќи државата би требало да биде гарант за кредитните линии затоа што нашите основачи се лимитирани во тој поглед, вели Иван Иванов, претседател на УО на АДКОМ.

Високите сметки за струја се проблем и за болниците, штипската и кочанската за последниот месец имаат вкупен долг од 100.000 евра, но добиле ветување дека ќе добијат помош за да не трупаат долгови, кои им се зголемени и поради ковид кризата во изминатите две години.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе