Држава без никаков план за младите. Најчеста причина за иселување – лошо образование и корупција. Како бледата европска перспектива драстично ја намалува работната сила во Македонија. Во Топ тема дебатираат Бленди Ходаи, Анамарија Велиновска, Блажен Малески и Петар Барлаковски.
Пописот откри многу поразителни резултати, но веројатно најпоразително е она што сега се потврди и со бројки, дека младите луѓе масовно ја напуштаат државата, а секој втор од оние што се тука планира тоа да го стори.
„Во нашите истражувања стигнавме до заклучоци кои го 53.000 млади ни фалат во моемнтов од 0 до 9 години кои требало да растат во државата по последниот попис, кој беше направен 2002 година. Не само што сакаат да се отселат, туку и го преземаат тој чекор. Иако тоа не е лесно. Во возрасната граница од од 15 – 20 години фалат околу 100.000 луѓе односно 20% од тоа население го немаме. Тоа се луѓе кои се „моторот“ на една опшстество, плаќаат данок и работат. Генералната слика е доста поразителна, бидејќи старееме како нација. 35 милиони евара повеќе во државниот буџет би имале ако беа овие луѓе тука. Државата нема јасен план. Време е да преземеме активности. Можеби бројката е и поголема бидејќи за време на попишувањето, поради ковид пандемијата голем број луѓе се вратија во државата. Пописот само ни ја нацрта сликата која сите ја чувствуваме. Што прават државните институции за да ги задржат младите тука“, објасни Блажен Малески од „Реактор“.
„Младите луѓе од руралните области масовно си заминуваат од таму, бидејќи нема рамномерен регионален развој и секој кој сака да успее во животот би се отселил барем во Скопје, па и во странство. Кои се специфилните разлики меѓу младите луѓе од руралните и градските средини? Има млади луѓе коишто не биле во кино, не биле во театар, бидејќи има општини каде нема никакви спортски или културни настани“, реќе во вечерашната Топ Тема Петар Барлаковски од МОФ.
„Аплицирав да студирам и во Љубљана но поради тоа што бев активен во борбарата за средношколските права решив дека е поважно да бидам во Македонија, Тоа е една од најтешките одлуки. Прашањето треба да биде дали младите имаат квалитетен живот, ефикасен здравствен систем, правна држава, ако се земем в предвид дека само 8% од граѓаните му веруваат на судството. Потешко е да одлучиш да останеш отколку да останеш. Во ЕУ има многу повеќе можности намести систем на меритократија, имаме систем на непотизам“, кажа Бленди Ходаи, поранешен претседател на Средношколскиот сојуз.
Анамарија Велиновска од Институтот за демократија, која магистрирала во Шкотска кажа дека таму исклучително многу внимание во образовниот процес се посветува на истражувачкиот и аналитичкиот развој на секој студент, нешто што не е случај кај нас.
„Не може да ги споредуваме двата образовни системи бидејќи англо-саксонското образование е сосема поразлично од нашето. Но, она што е неопходно е да се градат политики за доквалификација или преквалификација на младите. За тоа е неопходна алаиза на пазарот на трудот. Имаме дефицитално струки кои порано не биле дефицитарни, како средни стручни струки“, рече Велиновска.
