Вести Македонија

„Z“ на ѕидовите на Широк Сокак – уште еден доказ за руската пропаганда во Македонија

Повеќе објекти на битолски Широк Сокак се испишани со  буквата од латиничкото писмо  „Z“ која  е симбол за поддршка на Руската инвазија во Украина.

Eкспертите, велат  треба да се осуди оваа појава  која потврдува  дека  во Македонија постојат поединци и организирани групи што  ја шират руската пропаганда и ја поддржуваат руската агресија во Украина

„Овие графити, оваа појава  не треба да се потценуваат и се потврда  дека постојат структури кои се контролирани од надвор и е процес на ширење на лажни информации и лажен патриотизам, надвор од националните интерси на нашите граѓани“ – вели Марјан Ѓуровски, професор на Факултето за безбедност во Скопје.

Ѓуровски вели дека  и Македонија e  под руското  влијание на хибридни  закани.

„Македонската држава  е нападната внатре, институциите сe нападнати преkу руската разузнавачка служба, за што потврда е и протерувањето на неколку руски дипломати од нашата држава,. Пред тоа неформално беа протерани и уште неколку руски диломати  кои контролирано или неконтролирано влегуваа во македонските институции и имаа контакти со дел од вработените. За сите инволвирани вработени во македонската администрација, безбедносните структури, треба да сe поведе постапка и да се знае името и презимето“ – вели професорот  Ѓуровски

На панел дискусијата во Битола, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“, на тема „ЕУ по руската инвазија-нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан“, учесниците посочија дека проширувањето  на Унијата и интеграцијата на Албанија и Македонија е значајно безбедносно прашање.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Влегол со автомат во казино во Лешок, го репетирал и одзел над 5.000 евра – притвор за 28-годишен жител на Непроштено

Дејан Дејан

Со исправа со невистинита содржина, станала директорка на детска градинка – кривична пријава против 44-годишна велешанка

Дејан Дејан

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе