Вести Македонија Топ вести

По масакрот во Буча, европските држави ги протеруваат руските дипломати

Триесет руски дипломати ќе мора да ја напуштата Италија откако италијансккото министерство за надворешни работи денеска на рускиот амбасадор му ја врачи одлуката тие да бидат прогласи за персона нон-грата. Италија е уште една во низата европски земји кои изминатите два дена протераа руски дипломати од својата територија. Одлуката на Италија за протерување на дипломати од руската амбасада ја соопшти лично италијанскиот министерот за надворешни работи, Луиџи ди Мајо.

  • „Оваа мерка, преземена во договор со другите европски и НАТО партнери, стана неопходна од причини поврзани со нашата национална безбедност и во контекст на актуелната кризна ситуација која произлегува од неоправданата агресија врз Украина од страна на Руската Федерација“, соопшти Ди Мајо.

Идентична одлука како Италија денеска донесоа и Данска, протерувајќи 15 дипломати од руската амбасада во Копенхаген, Шпанија со бркање на 25 лица од руската амбасадата, за кои Мадрид очекува Русија да одговори со иста мерка. Шведска пак денеска протера тројца руски дипломати. Шефицата на шведската дипломатија Ан Линде ја соопшти одлуката на Стокхолм за протерување на руските дипломати.

  • „Денеска министерствотото за надворешни работи донесе одлука да депортира руски дипломати чија работата во Шведска не е во согласност со Виенската конвенција“, соопшти Линде.

Вчера на ист чекор се решија и Германија со протерување на 40 руски дипломати кои имаат пет дена да ја напуштат земјата, но и Франција која најави протерување на 35 нивни колеги со образложение дека нивните активности биле против нејзините безбедносни интереси. Француското министерство за надворешни работи соопшти дека протерувањето од Франција е дел од европскиот пристап кон убиствата од Буча, украинското гратче во близина на Киев во кое по повлекувањето на руските сили пронајденис е масовни гробници и тела на убиени цивили по улиците.

Германскиот министер за внатрешни работи соопшти дека дипломатите што ќе бидат избракни од Германија се поврзани со руските разузнавачки служби. Германската шефица на дипломатијата Аналена Беарбок ја нарече мерката одговор на “невидената бруталност“ која Кремљ ја покажа во Украина.

  • „Руските дипломати протерани од Германија работеле против нашата слобода, перотив кохезија во нашето општество. Ние нема повеќе да го толерираме тоа“, се зборовите на германската министерска за надворшени работи.

Освен овие Италија, Данска, Германија и Франција и Литванија и Летонија најавија протерување на руски дипломати, како дел од заедничката европска реакција на убиствата на цивилите во Буча. Литванија соопшти дека го протерала рускиот амбасадор и го повлекла својот шеф на мисијат од Москва, додека Летонија најави намалување на дипломатските односи со Русија.

Москва масовните протерувања на руските дипломати од европските држави го нарече кусоглед потег.

  • „Намалувањето на можностите за дипломатска комуникација во вакво невидено тешко кризно опкружување е кратковиден потег што дополнително ќе ја комплицира нашата комуникација, која е неопходна за да се постигне решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Москва притоа соопшти дека тоа ќе води кон одмазднички чекори од нејзина страна.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварци може да се бањаат, не може да ја пијат водата

Sasko Dimovski

Возејќи рикверц бил ненамерно прегазен од чичко му – 27-годишен тетовец се здобил со тешки телесни повреди

Sasko Dimovski

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 28.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе