За денеска се најавени нова рунда преговори, на Синдикатот за образование и наука и надлежните. Ќе се обидат отворените прашања да ги решат до 11 април за кога СОНК го закажа генералниот штрајк.
„Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем.“ – велат од Владата. Училиштата и градинките нема да работат, се додека не се исполнaт нивните барања за раст на платите согласно сложеноста и коефициентот на работното место, велат од СОНК.
Министерката за труд се надева дека ќе има договор, но ако нема градинките ќе мора да работат за да ги згрижат децата.
