Три милиони денари е штетата на средното електро-машинско училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, кое во декември беше поплавено поради откриениот кров. Обилните врнежи од дожд тогаш ги уништија компјутерите на неколку училници, како и клупите и столчињата. Локалната власт бара и одговорност кој наредил да се изврши реконструкцијата среде зимо. Кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов вели дека откако пропаднаат преговорите за спогодба со градежната фирма, штетата ќе ја бараат преку суд.
Училниците на вториот кат не се користат, односно во нив нема настава. Прилагодено е останатиот дел од училиштето за да 650 средноколци непречено ја следат насатавата. Опасност од нови поплави нема бидејќи кровната конструкција е реконструирана уште во декември лани.
Викторија Јованова
