Вести Македонија

Автобуси со пристапни рампи, но без пристап за лицата со телесен инвалидитет

Лицата со телесен инвалидитет се оставени на милост и немилост во зависност од тоа каков ќе биде денот и расположението  на возачот на автобусот и дали ќе ја спушти пристапната рампа вели Еркан Ќахили. На видеото кое тој го сподели на социјалните мрежи се гледа како возачот на автобусот на ЈСП не ја спушта пристапната рампа и покрај тоа што Ќахили ги замолува другите патници да запре, тој продолжува кон следната постојка.

Веднаш по објавувањето на видеото в.д директорот на ЈСП Илиевски го контактирал Ќахили да му се извини и да разбере што поточно се случило. Во меѓувреме и ЈСП со свој став.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расветлување на случајот. Стапивме во контакт со возачот, кој во текот на денешниот ден треба да даде писмена изјава, како би се испочитувала интерната постапка во вакви ситуации и по завршување на процедурите, да се преземат соодветни санкции против него.

Луѓето ги делам на луѓе и нелуѓе, вели Ќахили и не сакам да генерализирам затоа што има многу ситуации во кои возачите веднаш ми помогнале, но мора да се апелира за ваквите мачни искуства да не се повторуваат.

Сите треба да бидат свесни дека секој ден за нас е нова приказна, вели Ќахили и не бараме ништо повеќе од другите, туку само нормално и достоинствено да ги имаме правата кои се подразбираат.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе