Вести Македонија

Три недели со ред на штипското Инфективно одделение најмногу девет пациенти

Три недели едно по друго бројката на хоспитализирани во штипското Инфективно одделение е константна и достигнува до девет пациенти. Оваа одделение кое изминатите две години беше исполнето до последниот болнички кревет сега е полупразно. Модуларната болница е затворена и се чува како резерва, а раководството на болницата веќе размислува некој од одделите и амбуланатите да ги смести во овој објект.

Нема притисок за хоспитализација на пациенти со коронавирусот во штипското Инфективно одделение. Неколку недели бројката на хоспитлизирани достигнува до девет. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека тоа е релативно мала бројка. Работата на остантите на одделенија е вратена во нормала.

Инфективното одделение кое изминатите две години беше целосно исполнето, сега е полупразно, додека модуларната болница е затворена и празна. Ѓеорѓијев вели дека засега ја чуваат како резерва, но  веќе размислуваат за кои одделениија  би го искористиле овој објект. Плановите можат да се реализираат во иднина, бидејќи се уште има опасност од нови бранови.

Се намалува и бројот на активни случаи во Штип и Брегалничкиот регион, интересот за имунизација против коронавирсуот за прва доза е намален, а најголем дел од граѓаните пунктовите ги посетуваат за третата доза.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварци може да се бањаат, не може да ја пијат водата

Sasko Dimovski

Возејќи рикверц бил ненамерно прегазен од чичко му – 27-годишен тетовец се здобил со тешки телесни повреди

Sasko Dimovski

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 28.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе