Вести Македонија

Повеќе од 200 лица со попреченост се сместени во мали групни домови – останатите ќе добијат свои станбени единици до крајот на 2024 година

Од околу 400 лица со попреченост коишто беа сместени во специјалните установи во државата, половината веќе живеат во мали групни домови, а останатите 200 ќе добијат свои станбени единици до крајот на 2024. Се разгледуваат неколку опции како мал групен дом или пак живеење со поддршка на заедницата.

Во резиденцијалните установи нема веќе малолетни лица. Остануваат да се сместат уште лицата од Бања Банско и Демир Капија. Засега од Банско во посебни станбени единици се сместени 12 лица.

Деинституционализацијата треба да овозможи подобар и поквалитетен живот на лицата со попреченост, но и нивна поголема вклученост во заедницата.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе