Вести Македонија

Швајцарската влада финансира програма за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог

Поплавата во Тетово во 2015 година со загуба на човечки животи и голема материјална штета откри слабости на системот за управување со поплави во земјава.

Негова промена преку развој на интегриран и софистициран пристап во справувањето со поплавите и друг вид катастрофи се предвидува со Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог, финансирана од Швајцарската влада.

„Катастрофата од 2015 беше повик за будење на сите нас, а Швајцарија одлучи да ги здружи силите со националните и локалните власти за да создаде сеопфатен систем кој ќе му помогне на регионот да ја зголеми својата соодветност и подобро да ги предвиди подготви и управува со идните природни катастрофи. Ако сакаме да спречиме да се случи уште една трагедија, треба да ги здружиме силите и да преземеме одговорност како граѓани, општини, влади, приватниот сектор и донаторката заедница“ – изјави амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман.

Реализацијата на програмата започна со чистење и санација на речното корито на Боговињска река, а ќе продолжи и на други критични точки.

Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог, вредна 12 милиони швајцарски франци се спроведува во девет општини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе