Загрижувачки факт е тоа што над 60 судии ќе се пензионираат до крајот на годинава,а нема кој да ги замени, критикуваше шефот на Делегацијата на Европската Унија, на одбележувањето на 77 годишниот јубилеј од поставувањето на темелите на македонскиот правосуден систем. На овој чекор, рече, не му претходела здрава анализа или проекција. Даде и насоки за решавање на дел од проблемите во краток рок.
Професорката на Правниот факултет, Ана Павлова, пофали дел од реформите, но и прецизно детектираше голем број слабости.Рече дека, Судскиот совет не е депрофесионализиран, со него може да претседаваат луѓе кои не се судии, не се применува методологијата за оценување на судиите, а остануваат и проблемите со органите на државна управа.
Судиите, пак, сметаат дека, за успех не е потребна само стратегија, туку и реформирани индивидуи и институции, кои треба реформите да ги спроведуваат во пракса.
Судството прославува јубилеј во знакот на длабока недоверба на граѓаните во правосудниот систем. Неодамнешната анкета на Евротинк покажа дека само 8 отсто од граѓаните им веруваат на судиите.
Далиборка Дамјанска Цветановска
