Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговарал со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен.
Американскиот државен секретар потврдил дека САД се фокусирани на поддршката за проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан.
Блинкен ја ја поздравил новата динамика на дијалогот со Бугарија и изразил надеж дека следува решение за прашањата меѓу двете земjи за време на француското претседателство со ЕУ.
Двајцата соговорници ја осудиле и руската агресија во Украина како неиспровоцирана и како грубо кршење на меѓународното право.
