Комисијата за историски прашања постигнала напредок по некои важни прашања, соопшти денеска бугарскиот премиер, Кирил Петков, не откривајќи повеќе детали за кои историски личности и периоди се усогласиле македонските и бугарските историчари кои в четврток и петок треба да одржат нова средба, овојпат во Скопје.
Историската комисија чија работа повеќе од година и половина не беше поместена од мртва точка, заглавена на прашањето на Цар Самоил, а од претходно и на прашањето за Гоце Делчев, пред еден месец по својата последна средба, многу кратко соопшти дека постигнала одреден напредок во работата, но и таа тогаш, како и сега Петков, не соопшти каков конкретно напредок е направен.
