Вести Свет

Принцот Вилијам: Солидарни сме со украинските борци

Британскиот принц Вилијам денеска им оддаде почит на Украинците кои се борат да преживеат во својата татковина по посетата на британскиот воен камп за обука во џунглите на Белизе со неговата сопруга Кејт, како дел од неговата седумдневна турнеја на Карибите.

Принцот Вилијам, поранешен пилот на британското кралско воздухопловство, зборуваше за зачувување на демократијата и истакна дека Белизе им се придружи на многу други нации кои ја осудуваат руската инвазија на Украина.

„Денес мислиме на оние кои се борат во Украина и се солидаризираме со нив“, рече принцот Вилијам за време на гала вечерата со премиерот на Белизе во областа на археолошкиот резерват Кахал Печ.

Преиспитување на колонијалните врски на Британија и Карибите

Посетата на војводата и војвотката од Кембриџ на таа централноамериканска земја се совпаѓа со 70-тата прослава на тронот на кралицата Елизабета и доаѓа во време на растечко преиспитување на колонијалните врски на Британската империја со регионот.

Посетата предизвика спомени од патувањата на Вилијам во Белизе пред повеќе од две децении. Принцот, кој тогаш имал 18 години, се придружил на велшката гарда во планинарењето низ џунглата откако дипломирал на Итон во 2000 година.

Претходно во текот на денот, кралската двојка ги посети урнатините на древните Маи кај Каракол во централниот дел на Белизе, искачувајќи се на пирамидите и истражувајќи огромен археолошки локалитет во шумскиот резерват Чикибул.

Нивната посета доаѓа речиси четири месеци откако Барбадос гласаше да стане република, прекинувајќи ги врските со британската монархија, но останувајќи дел од Комонвелтот.

Вилијам и Кејт треба да го напуштат Белизе во вторник наутро и да се упатат кон Јамајка и Бахамите.

Дебатите за злоупотребите од колонијалната ера и плановите за барање компензација за ропството во Јамајка може да поттикнат повеќе земји да го следат неодамнешниот потег на Барбадос, велат академиците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илјада луѓе побараа лекарска помош, водата во Гостивар забранета за пиење

Kristina Kuzmanovski

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе